
|
 |
Вести / Македонија
Македонски камионџија малтретиран во Грција
Македонски камионџија бил малтретиран од страна на грчки државјани додека возел низ Грција. Покрај вербалниот напад, со нож му била оштетена церадата и ознаката “МК“ залепена на камионот “мерцедес“. Педесет и девет годишниот скопјанец П. Б. кога влегол во Македонија, случајот го пријавил, во Полициската станица за гранична контрола Дојран.
Како што информираат од МВР, инцидентот бил пријавен во станицата вчера, околу 20,10 часот. Возачот рекол дека додека возел, во близина на Солун, околу 18,20 часот, бил пресретнат од товарно возило марка “фургон“. Возачот на товарното возило го принудил да застане, откако го направил тоа, од “фургонот“ излегле три лица, кои во рацете држеле ножеви.
Тројцата Грци почнале да го омаловажуваат, еден од нив со нож ја изгребал македонската ознака и му ја оштетил церадата на камионот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|