четврток, 24.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Браќа од Србија 21 година биле робови во Македонија

Браќата Новица и Србо Станковиќ од Србија, 21 година биле заложници и слуги во повеќе семејства во Македонија, а за нивното животно патешествие српската полиција покренала истрага под сомнение дека тие се жртви на трговија со луѓе, објави српската државна телевизија РТС.

“Новица и Србо во Македонија заминале во далечната 1984 година со нивната мајка. Во повеќе македонски семејства секојдневно работеле физички работи и чувале овци, но за тоа не им било плаќано. Спиеле во помошни простории, кои немале греење, и секојдневно трпеле понижувања“, се вели во информацијата објавена на РТС.

Телевизијата информира дека Србо рекол оти човекот, каде слугувале во Македонија, сакал доживотно тие да работат кај него. Го терал по цел ден да работи, а кога момчето ќе побарало пари, тој му велел дека не му требаат. Потоа Станковиќ раскажал дека бил запишан во прво одделение, но не му било дозволено да го заврши основното училиште, па затоа тој со 28 години е неписмен. Знаел само да се потпише.

“Браќата успеале да побегнат и да се вратат во родното село Козји Дол во Србија. Полицијата веднаш покрена истрага за нивниот случај, под сомнение дека браќата биле жртви на трговија со луѓе и тоа од повеќе лица, македонски државјани, кои ги врбувале и ги експлоатирале. Биле присилувани на тешка физичка работа од 1984 до 2005 година, и ограничувана им била слободата на движење“, објавува српската државна телевизија.

Понатака во прилогот се вели дека Србо и Новица сега живеат во помошни простории во основното училиште во селото Козји Дол и дека примаат социјална помош од државата.


Наjновo од Вести
Трибина „Од култура на насилство кон култура на мир:Трансформирање на човековиот дух“
Лондонскиот „Њуз оф д ворлд“ го загуби спорот со претседателот на Меѓународната автомобилска федерација
Караџиќ го користел идентитетот на мртов босански војник
Две лица загинаа во поплави во Словачка
Почнува Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби 2008“
Браќа од Србија 21 година биле робови во Македонија
В недела во Трново 28. семакедонска средба
Македонски камионџија малтретиран во Грција
ЕК не е компетентна за македонското малцинство во Грција
Министерот Еленовски го посети Полкот за специјални операции
Во Битолско ќе се одржи етно фестивал „Маловишта 2008“
Вредно археолошкло откритие на локалитетот Плаошник во Охрид
На „Охридско лето“ класична музичка вечер
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи