вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Почнува Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби 2008“

Велес, 24 јули (МИА) - Седмиот Меѓународен фестивал на античка драма „Стоби 2008“ почнува вечер во 21 часот на древната античка сцена во амфитеатарот во Стоби во организација на општина Велес.

На отворањето во конкуренција за наградите ќе настапи театарот „Город“ од Долгопрудниј - Московската област од Руската Федерација со претставата „Лисицата и грозјето од Езоп“ со антички мотиви во режија на Јуриј Соловјев.

На отворањето на Фестивалот на античката драма „Стоби 2008“ ќе настапи и музичката група „Љубојно“. Во конкуренција за една од наградите на 26 јули ќе настапи и Културниот центар „Скрб и утеха“ од Скопје во соработка со Народниот театар Јован Хаџи Константинов - Џинот од Велес со претставата „За секогаш љубов“ по текст на „Сердарот“ од Прличев и на Т.Стојановски, а во режија на Јане Попов.

Истата вечер, надвор од конкуренција ќе биде изведен и самостојниот проект „Филип Втори“ на Петре Темелковски.

Фестивалот ќе продолжи на 28 јули, кога ќе биде прикажана претставата „Лисистрата на театарот Кабакчиев“ од Казанлак - Бугарија. Надвор од конкуренција на затворањето на Фестивалот на 30 јули ќе биде изведена претставата „Бегалка“ од Народниот театар од Штип.

На затворањето ќе бидат доделени и наградите на фестивалот Гран при за најдобра претстава, за најдобра режија и за најдобра машка и женска улога, а на наградените ќе им бидат доделени и статуетка со божицата Афродита.

Претседател на жирито е актерката Јоана Поповска, а членови Зоја Бузалковска и Ивица Џепаровски. Фестивалот финансиски го поддржаа Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија и општината Велес. Организаторот обезбеди бесплатен превоз до Стоби, а влезот е бесплатен.


Наjновo од Вести
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Екстремистичка група одговорна за напад во централата на Партијата за правда и развој во Истанбул
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
Кривични пријави за четири лица за сторени 18 кривични дела „измама“
Во Гостивар започна поднесувањето барања за кредит за самовработување
Универзитетската библиотека во Битола со повеќе манифестации ќе го одбележи Свети Климент Охридски
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи