
|
 |
Вести / Македонија
|
|
В недела во Трново 28. семакедонска средба
Битола, 24 јули (МИА) - В недела во потпелистерското село Трново, по 28 пат ќе се одржи традиционалната семакедонска средба што ја организира Здружението на етничките Македонци протерани од егејскиот дел на Македонија.
- Од осамостојувањето на Република Македонија како посебна држава, односно по распадот на СФРЈ, сите и секакви договори меѓу Југославија и Грција за нас како здружение се невалидни и неважечки. Тоа значи дека прашањата за прогонетите Македонци од Грција, за имотот, за малцинските права во соседните земји и други прашања за човековите права ќе се поставуваат само и само од Република Македонија, соопшти на прес-конференција во Битола претседателот на ова здружение, Никола Костурски.
На средбата со новинарите беше испратена јавна благодарност до премиерот Никола Груевски во врска со ставовите околу прашањето за проблемот на Егејците.
- Се заблагодаруваме на премиерот Груевски кој првпат, како храбар македонски премиер и државник, го постави ова прашање пред Грција и ги побара правата на Македонците кои живеат од другата страна на административната граница, рече Костурски.
На традиционалната семакедонска средба, што в недела ќе се одржи во Трново, превидена е богата културно-уметничка програма.
- По завршувањето на програмата во Трново, ќе се упатиме на граничниот премин Меџитлија, каде од 18 до 20 часот ќе изведеме уште една културно уметничка програма со членовите на КУД „Гоце Делчев“ од Битола и КУД од Овчарани, Леринско. Во тој термин граничниот премин ќе биде блокиран бидејќи очекуваме голем број гости и посетители, најави Костурски.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|