вторник, 07.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Министерот Еленовски го посети Полкот за специјални операции

Скопје, 24 јули (МИА) - Министерот за одбрана Лазар Еленовски денеска, на негова иницијатива, во скопската касарна „Илинден“ го посети Полкот за специјални операции, при што на 10 војници им додели монети во знак на заслуга и благодарност за нивниот придонес на патот на Република Македонија до НАТО.

Еленовски потенцира дека Полкот за специјални операции даде најголем придонес на патот на Република Макеоднија кон членство во НАТО, преку постојаното учество во мировните операции, во кои се потврди нивната подготвеност и професионалност.

- Ако некој придонел за нашиот пат кон НАТО интеграцијата, тоа е АРМ, особено мировниците, со кои Македонија го изгради својот највисок рејтинг и интегритет во Алијансата, но и во другите меѓународни организации, изјави Еленовски по средбата со припадниците на единицата.  

До Министерството за одбрана се уште нема пристигнато одговор и на второто писмо упатено до високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, во кое се бара и официјално поништување на наредбата за промена на ознаката МКД од униформите на македонските мировници во мисијата во Босна и Херцеговина.

- Очекуваме високиот претставник на ЕУ да одговори на соодветен начин без разлика дали тоа ќе биде со писмо или со конкретна реакција на теренот и отповикување на наредбата, им изјави денеска на новинарите во касарната „Илинден“ министерот за одбрана Лазар Еленовски.



Наjновo од Вести
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го храбри своето членство со ветувања за вработувања, награди и бенефити
Во Камерун над 300 луѓе починаа од колера
Две лица загинаа во железничка несреќа во Шпанија
ВМРО-ДПМНЕ: Унапредувањето во спортот еден од приоритетите на владата
Новиот амбасадор на Шведска Ларс Валунд ги предаде копиите од акредитивните писма
Франција го заострува законот за имиграција и државјанство
Убиен градоначалникот на италијанскиот град Полика
Во Охрид Конференција посветена на надминување на регионалните диспаритети
Охридската полиција приведе две лица за нелегална трговија со дрога
За околу 500 ученици во тетовската населба Дреновец денеска започна учебната година
Припадниците на АРМ со донации за центрите за социјални работи во Дебар и Куманово по повод 8-ми септември
Декларација „За новинарството се работи“
Во Скопје изложба на фотографии за Брисел
Почнува меѓународната манифестација „Струшка музичка есен“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи