
|
 |
Вести / Македонија
|
|
За пет дена започнуваат истражувањата на тврдината Исар во Штип
Штип, 24 јули (МИА) - Археолошките истражувања на тврдината Исар во Штип ќе започнат за пет дена, изјави директорот на Заводот за заштита на спомениците и Музеј на град Штип Зоран Читкушев.
Владата го потпиша договорот и сега во наредните пет години со парични средства од буџетот ќе се истражува и ќе се врши конзервација на тврдината. Проектот за средовековната тврдина која е обележје на Штип е вреден 10 милиони денари.
Според Читкушев, првите две до три години ќе се вршат археолошки истражувања и ќе се увиди каков е изгледот на тврдината, а потоа ќе се реконструира.
Тврдината Исар која е лоцирана во Штип ќе има сличен изглед како оние во Скопје, Струмица или Охрид, а од Музејот велат дека овој најголем проект ќе овозможи и градот да биде интересна туристичка атракција.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|