вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Презентирани референтните цени на лековите што ќе стартуваат на 1 август

Скопје, 25 јули (МИА) - Од 1 август стартува  системот на референтни цени за сите лекови во примарната здравствена заштита  кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Согласно системот на референтни цени, ФЗОМ за секој генерички лек ќе признава одредена сума или т.н. референтна цена, одредена според Правилникот за одредување на референтни цени, која ФЗОМ за сметка на осигуреникот ја надоместува на аптеките. Тоа значи дека откако матичниот лекар ќе им пропише одреден генерички лек, осигурениците имаат можност сами да изберат од кој производител ќе го купат лекот со тоа што доколку има разлика од референтната цена до големопродажната цена на одбраниот лек, сами ја надоместуваат.

Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на презентацијата, истакна дека системот за референтни цени на лековите првпат се воведува во Македонија. Здравјето, рече тој, е директен фактор во подобрување на социјалната положба на населението и во економскиот развој на државата.

- Сите луѓе имаат право на највисоки стандарди во здравствената заштита неопходни за здрав и квалитетен живот и тоа е цел на работење на Владата. Со сите реформи кои Владата започна да ги реализира во изминатиот период наша цел беше да отвориме нова ера и нов начин на работење во македонското здравство, посочи премиерот Груевски. 

Основната насока, рече тој, е да ја зголемиме одговорноста кон пациентите, но истовремено да ги подобриме условите за работа на здравствените работници.

- Тоа го постигнуваме со реализација на низа проекти - воведовме повластена стапка на данокот на додадена вредност за лековите од 18 на пет проценти, ги изедначивме цените на лековите во сите аптеки и се намалија цените на лековите, ја поедноставивме процедурата за регистрација на лековите, помошни лековити средства и медицински помагала и се намалија можностите за корупција во овој дел. Во договор со ФЗОМ го зголемивме и бројот на аптеките на 604, а  нивниот број до 2006 година изнесуваше 120, истакна Груевски.

Тој најави дека Владата продолжува со мерките кои ќе водат до подобрување на состојбите во оваа сфера и оти во наредните четири значително ќе се подобри снабденоста со лекови на рецепт во сите аптеки кои имаат договор со ФЗОМ.

- Ќе овозможиме достапност на лековите преку автоматска реализација на секој пропишан рецепт од матичен лекар во сите аптеки со воведување нов систем на издавање лекови и рецепти, редовно ќе ја ревидираме позитивната листа на лекови со нови и современи терапии и ќе продолжиме со бескомпромисна борба против оној дел од фармацевтската фела кој ги злоупотребува своите позиции и кој во минатото беше наречен фармацевтска мафија и акумулираше голема финансиска моќ и беше извор на корупција во здравството, посочи Груевски.

Тој додаде дека Владата сака да изгради здравствен систем што ќе го подобри, унапреди, ќе го одржи здравјето на сите граѓани независно од нивната можност да ги платат сопствените услуги, туку само во зависност од личните потреби и ќе се базира на принципите на еднаквост, солидарност и политиката на вклучување на граѓаните при донесувањето одлуки.

Министерот за здравство Имер Селмани рече дека станува збор за промовирање на една значајна реформа во здравството и оти рецептот не станува само инструмент за избор на лек, туку тој добива и една вредност.

Директорот на ФЗОМ Георги Тренкоски на презентацијата истакна дека со воведувањето на системот на референтни цени на лековите, согласно европските стандардни и правила, Фондот ги заокружува реформите во примарната здравствена заштита и воведува конкуренција во квалитет и во цена за сите лекови од позитивната листа.

- Конечно нема монопол на ниту еден лек. За секој лек сите регистрирани производители имаат шанса да конкурираат. Значително ќе се подобри дистрибуцијата со тоа што ќе има и дневно надополнување на лекови во аптеките. Се надминуваат оние зацртани квоти за требување и се овозможува компјутерска евиденција и следење на секој лек пропишан од секој матичен лекар,  рече Тренкоски.

Тој посочи дека со воведувањето на системот на референтни цени осигурениците со рецептот пропишан од матичниот лекар имаат можност за избор на лек од различен производител, како и многу поголема достапност за повеќе лекови во 600 аптеки во Република Македонија. 

ФЗОМ за примарната здравствена заштита утврди референтни цени на 873 лекови од различни производители за 360 генерики.  Исто така ФЗОМ ќе обезбеди и прирачници со референтните цени за лековите од примарната здравствена заштита кои се на товар на ФЗОМ, кои ќе бидат дистрибуирани до ординациите на избраните лекари и аптеките, каде ќе бидат достапни и за  осигурениците.


Наjновo од Вести
Фаусто Покар се надева дека Србија набрзо ќе го уапси Младиќ
Рим и Тирана потпишаа енергетски договори во вредност од 2,5 милијарди евра (ДПЛ)
Во Дебар поделеност околу продолжување или не на штрајкот на просветните работници
Пратеничката група на СДСМ бара измени на новиот Деловник за работа на Собранието
ДПМ распиша конкурс за најдобри остварувања во поезијата, прозата, критиката и литературата за деца
ССМ со забелешки на предложените измени на Законот за работни односи
Етиопија од извоз на цвеќе ќе заработи 150 милиони долари
Извештајот на Европската комисија пред собраниската Комисија за култура
ВМРО - ДПМНЕ: На локалните избори ќе понудиме прецизни програми со конкретни проекти
Јавна расправа за Нацрт-амандманот 31 од Уставот во делот за избор на претседател на државата
Утврдена предлог - одлуката за именување претседател, потпретседател и членови на ДИК
РЕК Осломеј го реализира планот за 2008 година (ДПЛ)
Промовиран Локалниот акционен план за прашањето хендикеп за Општина Велес
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи