
|
 |
Вести / Македонија
|
|
„Жито Караорман“ откупи 6.000 тони пченица
Кичево, 25 јули (МИА) - Акционерското друштво „Жито Караорман“ откупи околу 6.000 тони пченица, а деновиве ќе бидат обезбедени уште илјада тони. Со овие количини се очекува да се задоволат потребите на жителите од кичевскиот регион и на производителите на брашно, леб и бели печива.
- Квалитетот на лебното зрно оваа година е послаб во споредба со лани, но ги задоволува потребните критериуми, рече Гоце Максимоски, директор на „Жито Караорман“.
Тој додаде дека најголемиот дел од пченицата го откупиле по цена од 13,5 денари со вклучен ДДВ и превоз, од производители од Битола, Прилеп и од кичевскиот регион. Најголем дел, околу 3.000 тони, обезбедиле од ЗИК „Пелагонија“, а преостанатите количини се од поголеми производители.
Максимоски соопшти дека околу 20 отсто од вкупните количини се обезбедени со замена на пченица со брашно, по барање на индивидуалните производители.
Жетвата во Кичевско е реализирана на околу 60 отсто од површините. Поради врнежите таа е запрена, но се очекува до крајот на месецов да заврши во целост.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|