петок, 25.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Хидроцентралата „Матка“ виновна за поморот на риба во Вардар кај Велес

Скопје, 25 јули (МИА) - Наглото испуштање преголема количина вода од хидроцентралата „Матка“ го предизвика поморот на риба во реката Вардар кај Велес, потврди директорот на Државниот земјоделски инспекторат Ванчо Димитриев.

Повикувајќи се на резултатите од анализите спроведени во лабораториите на Ветеринарниот факултет и Министерството за животна средина и просторно планирање, Димитриев рече дека рибите угинале поради недостиг на кислород, а не од болест или од какво било труење.

- На 22 јули во 16 часот нивото на реката Вардар, според УХМР, било 52 сантиметри, а за еден час подоцна достигнало еден метар и 30 сантиметри што покажува дека наеднаш била испуштена преголема количина вода, истакна Димитриев.

Според него, лабораториските анализи на водата покажале зголемена концентрација на тиња, додека испитувањата на рибите извесни количини талог, песок и црвенило околу шкргите.

Државниот земјоделски инспекторат ќе поднесе прекршочна пријава до ХЕЦ „Матка“ која, во случајов, согласно Законот за рибарство и аква култура, ќе биде должна да ја надомести штетата со порибување.

Во поморот што се случи пред три дена се претпоставува дека угинале околу 10 тони риба.

Согласно новиот Закон за рибарство и аквакултура казните за правни лица кои предизвикале помор на риба изнесуваат од 3.000 до 5.000 евра, а за физички лица од 2.500 до 5.000 евра. Предвидени се и прекршочни санкции за забрана на вршење на дејноста од една до пет години. Оној што ја предизвикал штетата мора да ја надомести со порибување.


Наjновo од Вести
За преадаптација на штипската филтер станицата потребни се 380 илјади евра
Собрание утре ќе избира нова влада
Презентирани референтните цени на лековите што ќе стартуваат на 1 август
„Жито Караорман“ откупи 6.000 тони пченица
Во Романија ќе се покрене кривична постапка против двајца поранешни министри
Хидроцентралата „Матка“ виновна за поморот на риба во Вардар кај Велес
ЕК деблокира 66 милиони евра од предпристапните фондови за Хрватска
Стечајците во Кичево се пријавуваат за остварување на надоместокот до пензионирање
Цртачи на графити од Франција го разубавија влезот на Тетово
Реакција на Кабинетот на Црвенковски за написи во врска со неговата имотна состојба
Во Штип објавени официјалните резултати од државната матура
Вељаноски ја повика опозицијата да присуствува на седницата за избор на новата Влада
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи