
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Стечајците во Кичево се пријавуваат за остварување на надоместокот до пензионирање
Кичево, 25 јули (МИА) - Стечајните работници од Кичево почнаа со собирање документи за да аплицираат за правото на користење на надомест до пензионирање или ново вработување согласно Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година.
Според информациите од Агенцијата за вработување, досега четириесетина лица поднеле барање за остварување на тоа право.
Според законските критериуми, право на надомест до пензионирање или ново вработување имаат работниците од фирмите „Тане Цалески“, „Копачка“, „Агрокооп“ и уште неколку фирми со помалку вработени кои биле во доминантна државна сопственост, а во стечај заминале помеѓу 2000 и 2004 година, велат од Агенцијата за вработување.
Од Регионалниот синдикален совет сметаат дека на законските критериуми ќе можат да одговорат шеесетина стечајци додека преостанатите кои се водат како стечајни работници се од фирми кои биле приватизирани порано, подоцна или пак не биле со мнозински државен капитал.
Пријавувањето е во рок од 30 дена, а потоа ќе следат проверки на евиденцијата на надлежните државни институции задолжени за спроведување на овој закон, по што пријавените стечајци кои ги исполнуваат критериумите ќе го добијат надоместокот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|