
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Цртачи на графити од Франција го разубавија влезот на Тетово
Тетово, 25 јули (МИА) - Францускиот амбасадор Бернар Валеро, и градоначалникот на Тетово, Хазби Лика присуствуваа на денешната свеченост на која беа промовирани графитите кои беа насликани на влезот од градот од четворица уметници од Франција.
За една недела групата уметници од Марсеј, кои се нарекуваат „Л’артмада“, насликаа ѕид со површина од 450 метри квадратни.
- Оставаме на секој човек поединечно да одлучи што ќе види, а што не. Горди сме што сме први цртачи на графити кои учествувале на ваков проект во Тетово. Оваа посета ќе остави позитивен белег во нашата кариера, рече еден од четворицата уметници.
Тетовскиот градоначалник истакна дека во тек се разговорите со групата „Л’артмада“, повторно да дојдат во октомври или ноември и да цртаат графити и на други локации во градот.
Лика истакна дека на слични проекти ќе бидат ангажирани и локални уметници.
- Убаво е што уметност од 21 век го краси влезот во градот. Ова е убав начин да им се посака добредојде на луѓето кои патуваат кон градот, рече Валеро.
Целиот проект чини 5.000 евра. Дел од парите се обезбедени од Министерството за култура, Француската амбасада во Скопје, а логистичката поддршка е од канцеларијата на Француската алијанса во Тетово и локалната самоуправа.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|