сабота, 26.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Црвенковски реагира на написи во врска со неговата имотна состојба

Во врска со последните написи во одредени медиуми за проверката на имотната состојба на Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски и неговото семејство од страна на Управата за јавни приходи, Кабинетот на Претседателот ја доставува следнава реакција:

Не се точни информациите дека оваа постапка е стара од пред две години, бидејќи информациите кои ги добивме и дописите кои УЈП ги достави до банките, штедилниците и единиците на локалната самоуправа за испитување на имотот и имотната состојба на Претседателот и неговото семејство датираат од почетокот на месец јули. Прашуваме дали станува збор за нова постапка или во спротивно, Управата нека не извести дали континуирано води една иста постапка изминативе две години.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија останува на ставот дека сме цврсто убедени за постоење на  намера и тенденција за политичка дисквалификација на Претседателот Црвенковски и дека оваа постапка е политички мотивирана и селективна. Затоа, инсистираме УЈП да не извести дали ваква постапка се води и за премиерот и за министрите во Владата.

Изненадени сме од аматеризмот кој го покажува УЈП, ако се земе во предвид фактот дека за спроведувањето на оваа постапка се ангажирани голем број на луѓе и на средства на даночните обврзници со цел да се прават проверки и во другите поранешни југословенски републики, а со што се бламира државата.

Управата, според владини извори, кои се цитирани во еден дневен весник, вршела проверка на имот на лице, кое не е сопругата на Претседателот Црвенковски, односно на одредена жена Јасмина Пулсевиќ, која потекнува од општина Ново Место, Република Словенија и чии родители живеат таму. За да и помогнеме во проверката, ја информираме УЈП дека моминско презиме на г-ѓа Јасмина Црвенковска е Димитровска и нејзините родители не живеат во Република Словенија.


Кабинет на Претседателот на Република Македонија




Наjновo од Вести
Собранието ја избра Владата на Р.М.
За преадаптација на штипската филтер станицата потребни се 380 илјади евра
Собранието утре ќе избира нова влада
Презентирани референтните цени на лековите што ќе стартуваат на 1 август
„Жито Караорман“ откупи 6.000 тони пченица
Во Романија ќе се покрене кривична постапка против двајца поранешни министри
Хидроцентралата „Матка“ виновна за поморот на риба во Вардар кај Велес
Стечајците во Кичево се пријавуваат за остварување на надоместокот до пензионирање
Цртачи на графити од Франција го разубавија влезот на Тетово
Црвенковски реагира на написи во врска со неговата имотна состојба
Во Штип објавени официјалните резултати од државната матура
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи