
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Во Штип објавени официјалните резултати од државната матура
Штип, 25 јули (МИА) - Во средните училишта во Штип истакнати се официјалните резултати од државната матура, а приговори до комисијата поднеле 13 матуранти од средните училишта.
Ристе Петковски директор на гимназијата „Славчо Стојменски“, вели дека од ова училиште 12 ученици имаат поднесено приговори, од кои осум се одбиени, а кај четирите што се прифатени има промени во оценките и бодовите.
Во Средното општинско медицинско училиште „Јане Сандански“ приговор поднел само еден матурант, информира директорот Новит Здравевно, но Комсијата го одбила.
Второто пријавување за полагање на испитите по македонски и англиски јазик е в понеделник и во вторник. Право да се пријават имаат само оние кои не ја положиле државната матура или ќе полагаат првпат. Матурнатите кои имаат добиено слаби оценки, државна матура ќе можат да полгаат повторно наредната година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|