
|
 |
Вести / Македонија
Вељаноски ја повика опозицијата да присуствува на седницата за избор на новата Влада
Скопје, 25 јули (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ја повика опозицијата да присуствува на утрешната седница за избор на новата влада.
Во денешното соопштение од Кабинетот на Вељаноски стои дека изборот на нова влада во секоја држава, во која се почитуваат принципите на парламентаризмот, не е само свечен чин на кој се манифестира изборна победа туку, пред сè, демократски принцип преку кој владата се претставува пред законодавниот дом и од него добива легитимитет.
- Токму затоа ја повикувам опозицијата, која најавува недоѓање, да присуствува на седницата за избор на новата влада, да покажеме дека имаме демократски капацитет и одговорност кон граѓаните, додава Вељаноски.
За таа цел, претседателот на Собранието почетокот на седницата наместо во 11 часот го презакажа за 17 часот и ги повика координаторите на сите пратенички групи на координација утре во 11 часот, со цел да се договорат за текот на седницата, како и за други отворени прашања.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|