Изгласана одлуката за подигање Меморијален споменик на Тоше

Скопје, 31 јули (МИА) -  Сите 62 пратеника присутни во Собранието ја усвоија, по итна постапка, Одлуката за подигање Меморијален споменик на Тоше Проески во Крушево.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска образложи дека одлуката е итна зашто се работи за личност која придонесе за широка афирмација на македонската музика надвор од границите на Македонија, кон која во сите јавни настапи ја изразуваше својата љуов, како и поради неговата хуманост за што од 2004 година беше амбасадор на УНИЦЕФ.

Иницијативата за подигање Меморијален споменик, Собранието ја прифати на седница во март годинава и ја задолжи Владата да подготви предлог-одлука за подигање на споменикот. Во неа се содржани сите битни елементи во согласност со Законот за меморијални споменици - одговорно лице за подигање, правно лице што ќе се грижи за негово чување, извори на средства, видот и содржината на споменикот итн.

- Неговите дела се пример и порака за сите генерации. Со подигање на Меморијалниот споменик на достоинствен начин ќе го одбележиме споменот за Тоше и неговиот лик и дело, рече, меѓу другото, министерката за култура.

Владата постхумно го прогласи Тоше Проески за почесен граѓанин на Република Македонија, по неговото загинување во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Проески беше роден на 25 јануари 1981 година во Крушево, каде што е и погребан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...