петок, 08.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Атина ќе се жали во ИОК ако на ЛОИ2008 се користат имињата Македонија и Македонци

Пекинг, 8 август (МИА) - Атина ќе побара итна интервенција од страна на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), ако македонските спортисти на отворањето на Олимпоските игри во Пекинг дефилираат под името Македонија, изјава денеска во кинескиот главен град грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани.

- Ќе ги преземеме сите неопходни активности на политичко и на спортско ниво, доколку Скопје не ги почитува барањата и не се придржува кон нив, изјави Бакојани.

Како што јави АНА-МПА, според Бакојани, обидите за употреба на називите Македонија и Макеоднци при официјалното претставување на македонските спортисти и во официјалните документи и на интернет страницата на Олимписките игри, претставуваат провокација.

Владата и Олимпискиот комитет на Грција вчера упатија протест до Организацискиот комитет на Летните олимписки игри, што започнуваат денеска во Пекинг, поради користењето на зборовите Македонија и Македонци при официјалното претставување на спортистите од Република Македонија, како и во текстови  објавени на интернет страницата на Олимпијадата.

Бакојани, како што јавуваат грчките медиуми, изјавила дека Македонија треба да биде нарекувана со името под кое е регистрирана во ОН, како што било и на претходните олимпијади во Атина и во Сиднеј.

Со слична реакција излезе и претседателот на Грчкиот олимписки комитет Минос Киријакос, барајќи ИОК да не го користи името Република Македонија, туку „ПЈРМ“.

Атина, како што посочуваат грчките медиуми, очекува таквите „пропусти“ на организаторот на Олимпијадата во Пекинг да бидат корегирани.


Наjновo од Вести
Гром предизвика пожар на Полуостровот Пелопонез
Атина ќе се жали во ИОК ако на ЛОИ2008 се користат имињата Македонија и Македонци
Еден загинат при заложничката криза во Лисабон
Џорџ Буш официјално ја отвори Амбасадата на САД во Пекинг
Продолжен мандатот на Мисијата на ОН во Ирак
Грузиската армија го нападна Цхинвали, Јужна Осетија ја моли Русија за помош
Поранешниот возач на Бин Ладен заработи 5,5 години затвор поради поддршка на тероризмот
„Елефтерос типос“: Нимиц ќе го предложи името - Нова демократска република Македонија
Во Охрид утре промоција на книга за Свети Климент и изложба на дела од уметницата Дурловиќ
Во Охрди почна празнувањето на Света Петка
Во Прилеп одбележување на седум години од масакрот кај Карпалак
Реакција на Коалицијата на НВО „Право и правна држава“
Протоѓер повторно бара одговор од Заев на поставените прашања
„Привиденија“ – последната поетска книга на академик Кљусев
Реакција на јавната дебата организирана од Коалицијата на невладини организации „Право и правна држава“
Во Тетово и покрај апелите и понатаму се пука на семејни веселби
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи