|
|
|
Наградата „Живко Чинго“ за расказот „Будење“Охрид, 8 август (МИА) - Расказот со наслов „Будење“ на авторот потпишан под шифрата Осветлувач е добитник на наградата „Живко Чинго“ што секоја година традиционално ја доделува локалната самоуправа во Охрид.
Наградата во износ од 30 илјади денари на авторот ќе му биде врачена на 13 август, на манифестацијата „Денови на Живко Чинго“ што по 21. пат ќе се одржи во родното место на овој познат македонски писател селото Велгошти кај Охрид.
Најдобриот расказ од доставените 52 авторски дела едногласно бил избран од тричленото жири во состав Славе Ѓорго Димовски, Венко Андоновски и Кристина Николовска.
Членовите на жирито на денешната прес-конференција изразија задоволство од квалитетот на понудените трудови, со препорака до општинските власти во Охрид да издвојат средства за објавување на уште два понудени расказа и тоа „Земја“ и „Другарка ми Лиле Боголиева“ доставени без шифра.
Венко Андоновски истакна дека квалитетот на пристигнатите авторски творби е добар знак дека се подига нивото на манифестацијата посветена на Живко Чинго.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели: - Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...
|
|
|
|