
|
 |
Вести / Македонија
„Право и правна држава“ ќе собира потписи и ќе организира протест
Скопје, 8 август (МИА) - Коалицијата на невладини организации „Право и правна држава“ ги повикува граѓаните да се приклучат кон иницијативата за зачувување на правото и правната држава, а воедно најавува протест в понеделник во 12 часот пред Собранието на Република Македонија.
Во Скопје, Струмица и Охрид ќе бидат поставени штандови на кои граѓаните ќе може да го дадат својот потпис за зачувување на правната држава и почитување на начелото за владеење на правото, информираше на денешната прес - конференција Марина Стојанова - Тонева од „Право и правна држава“. Во Скопје штандовите ќе бидат поставени во Градскиот трговски центар, на плоштадот и на улицата „Македонија“, пред Собранието, во „Бисер“, „Лептокарија“, како и во Градскиот парк.
Претставници на коалицијата на невладини организации ги промовираа и маичките со логото - „Јас сум Зоран Заев и јас сакам осум милиони евра“. Со нив, како што велат, сакаат да ја пренесат пораката за селективната примена на законите, како и за уривањето на правниот поредок што е лош пример за секоја демократска држава.
„Право и правна држава“ протестира поради начинот на примена на аболиција врз Зоран Заев од страна на претседателот на државата, и за нив овој чин е политички мотивиран.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|