
|
 |
Вести / Македонија
МВР Билтен
Скопје, 8 август (MИА) - Во Тетово на улицата „Видео Смилевски Бато“ вчера околу 15 часот и 40 минути, тетовчанецот А.У. (43) бил нападнат од две непознати лица вооружени со пиштоли додека влегувал во патничко моторно возило „мерцедес“.
Двете лица насилно го извлекле од возилото и физички го нападнале. На местото на настанот пристигнал и неговиот син Р.У. , кој при обид да му помогне на својот татко, бил физички нападнат. По ова, сторителите од возилото на А.У. одзеле околу 375 илјади денари и побегнале.
СВР Тетово презема мерки за откривање на сторителите.
На магистралниот пат Охрид-Кичево, во селото Требениште, вчера во 20 часот и 35 минути се случила сообраќајна незгода во која животот го загуби Цвета Н. (58).
Несреќата се случила кога патничко моторно возило „лада самара“ со охридски регистерски таблички управувано од Б.Н.(54) од Охрид удрило во пешакот Цвета Н. од споменатото село. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде им подлегнала на повредите.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|