
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Извршни решенија за нередовните даночни обврзници во Струмица
Струмица, 8 август (МИА) - Даночните обврзници од трите рурални општини во струмичкиот регион Ново Село, Босилово и Василево нередовно и мошне тешко ги подмируваат свите законски обврски.
Заклучно со минатиот месец вкупниот долг на 10 илјади даночни обврзници на име Данок на имот достигна над 22 милиони денари. Во оваа сума се вкалкулирани и заостанатите долгови од претходните години, кои обврзниците според законот се должни да ги платат.
- Овој проблем е најизразен во Босилово и претставува вистинска пречка за нормалното работење и за развојот на општината, бидејќи од процентот на наплатата директно зависи и обемот на инвестициите во комуналните дејности, патната ифраструктура и во други проекти од заеднички интерес. Според пресметките на даночните служби ние од 3.500 обврзници побаруваме околу десет милиони денари за неплатен данок на имот. Процентот на наплата е повеќе од загрижувачки и за оваа година изнесува само еден насто, изјави Ѓорги Манушев, градоначалник на општина Босилово.
Во општина Василево долгот на даночните обврзници изнесува околу 6,4 милиони денари. Во Ново Село состојбата е нешто подобра. Од 1.570 даночни обврзници оваа општина побарува нешто повеќе од 5,8 милиони денари на име данок на промет при што наплатата на годинашниов долг изнесува четири проценти.
Поради алармантните состојби градоначалниците на овие три општини пред почетокот на есента најавија и казни за нередовните плаќачи, кои до крајот на месецот ќе добијат извршни решенија на данокот од имот. Оние кои нема да го подмират својот долг ќе се соочат со присилна наплата на даноците од страна на општинските извршни органи.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|