
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Бербата на трпезни сорти грозје во Гевгелиско почна со рекордни откупни цени
Гевгелија 8 август (МИА) - Топлото време, квалитетните услови за водоснабдување со пуштањето во функција на системот Јужна вардарска долина во гевгелиско-валандовскиот регион, деновиве им погодуваа и на земјоделските производители кои годинава рано ги набраа плодовите од својот труд.
Веќе десетина дена траае бербата на трпезни сорти грозје, што почна многу порано од вообичаено, и ги испорачаа првите количини на домашните пазари. Квалитетно сортно грозје на пазарот се продава за 40 до 50 денари за килограм.
Во Гевгелиско се очекува принос од 26.000 тони грозје, зашто над 50 отсто од плодното земјиште е под лозови насади, од кои 1.210 хектари кај правните лица, а 1.000 хектари кај индивидуалните лозари. Во структурата на насадите во предност се десертните сорти кои се 2,5 пати повеќе застапени од винските, иако сеидбената политика и пазарот од пред некоја година, почнаа да ги фаворизираат винските сорти.
Почнаа и откупните зделки на трпезното грозје, чија цена достигна и до 40 денари за килограм. Така се очекува годинава вкупно, гевгелиските лозари, заедно со винариите и отупувачите извозници, да инкасираат приходи од близу 10 до 15 милиони евра.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|