
|
 |
Вести / Македонија
Отворен Центарот за односи со потрошувачите на ЕВН Македонија
Скопје, 8 август (МИА) - ЕВН Македонија денеска во Скопје официјално го отвори Центарот за односи со потрошувачите каде можат да се добијат сите потребни информации и совети и да се пријават дефекти.
Потрошувачите преку два телефонски броја ќе можат да стапат во контакт со операторите на ЕВН Македонија 24 часа дневно, седум дена неделно и 365 дена годишно, а разговорот ќе биде тарифиран по цена за локален повик. За информации, совети и услуги потрошувачите ќе можат да се обратат на бројот 0890 12345, додека дефектите ќе може да ги пријават на телефонот 0890 88888.
Од операторите потрошувачите ќе можат да добијат информации за тарифите и за услугите на компанијата, како и совети, додека при пријавувањето на дефекти веднаш ќе бидат известени техничките служби, а потрошувачот ќе добие информација за времетраењето на дефектот и на неговото отстранување. Сите информации ќе бидат достапни на македонски и на албански јазик, а потрошувачот сам го бира јазикот на кој сака да ја добие информацијата. Освен на двата телефонски броја потрошувачите ќе можат да ги праќаат своите прашања, мислења и сугестии по електронска пошта на адресата HYPERLINK "mailto:info@evn.com.mk"info@evn.com.mk или по факс на бројот +389 2 3205 020. Мотото на компанијата е „еден повик е доволен за решавање на вашите проблеми“.
- Убеден сум дека Центарот за односи со потрошувачите ќе даде значаен придонес за натамошниот развој и унапредување на односите со нашите корисници. За него се дадени стотици илјади евра, вградена е најсовремна ИТ опрема, рече заменик претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Карл Хајнц Грасман на денешното отворање нагласувајќи дека со отворањето на Центарот се создадени работни месњта за 30 нови вработени.
Волфганг Шефер од ЕВН рече дека се надева оти во Центарот нема да се пријавуваат многу дефекти.
- Со отворањето на Центарот почнува нова ера за нашите потрошувачии и комплетно ќе се смени начинот на однесување на нашите вработени кон нив, рече Шефер.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|