петок, 29.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Прилеп одбележа седум години од масакрот кај Карпалак

Прилеп, 8 август (МИА) - Во Прилеп денеска беа одбележани седум години од масакрот кај Карпалак кога загинаа десет бранители од овој град.  Беше положено цвеќе на нивните вечни почивалишта на градските и ромските гробишта, се одржа панихида во Црквата Свето Благовештение, а пред споменикот во центарот на градот се поклонија бројни делгации на семејствата на загинатите, на преживеаните од Карпалак, делегација од Владата предводена од вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, од Министерството за одбрана, од АРМ, локалната самоуправа, на здруженија и граѓани.

Вицепремиерот Боцески рече дека секој ќе памети каде беше кога стигнаа вестите за Вејце, Карпалак, Љуботенски Бачила. - Секој ќе памети каде беше кога Република Македонија ги праќаше своите синови таму каде се бранеше македонскиот суверенитет и интегритет Денеска најтажни се спомените и незацелени се раните на семејствата на Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Веби Рушитоски, Ердован Шабаноски, за Дарко Вељаноски, Горан Миноски, Љубе Грујоски, Пецо Секулоски и на Марко Деспотоски - 10-те прилепски бранители кои пред седум години заминаа да ја бранат татковината, но не се вратија, рече тој.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески побара да се откријат и да се дознаат имињата на сторителите и да се изведат пред лицето на правдата.

- За бранителите и преживеаните од Карпалак не може и не смее да се заборави крвавиот настан. Со никакви пари не се плаќа честа, достоинството и одбраната на татковината. Тоа не смеат да го заборават надлежните од кои бараме да добиемне статус на борци, рече Гоце Конески од Здружението „Карпалак“.

Вицепремиерот  Боцевски рече дека државата ќе продолжи да презема се што е во нејзина можност за бранителите и за семејствата на загинатите.

- Сите досегашни пропусти ќе се процесуираат во системот за повеќето институции да дадат максимален одговор на барањата на роднините и на припадниците на одбранбените сили. Владата ќе ги разгледа сите предложени решенија за да даде соодветен одговор, истакна  Боцевски.

Во рамките на денешните чествувања за споменот на десеттемина загинати прилепски бранители и по повод денешниот верски празник Света Петка, во населбата Точила е поставен камен-темелник за изградба на нова црква со придонес на граѓаните. Од лани во Прилеп се преименувани 10 улици кои сега ги носат имињата на загинатите бранители.


Наjновo од Вести
Во Мароко уапсени 15 членови на терористичка група поврзана со Ал Каеда
Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија
Операторите подготвени за услугата преносливост на броеви
Нестеренко: Русија се надева дека ЕУ ќе направи разумна анализа на руско-грузиската криза
Караџиќ одби да се изјасни за вината пред Хашкиот трибунал
Бугарскатa бизнис групација „Чимимпорт“ сака да ја купи Поштенска банка
Италијанскиот генерал Џузепе Емилио Гај го презеде командувањето со КФОР
Блокирањето на млекраниците е желба на поединци, не став на вистинските фармери, велат индивидуални земјоделци
Два дена притвор за Ѓулер Сулејмани осомничена за тешка кражба
Честитки од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи до ИВЗ по повод Рамазан
Волци заклаа 20 овци во Кумановско
Сочувство до семејството на пилотот Георгиев од Автомобилистичката федерација на Македонија
Коце Трајановски, нов претседател на ЗЕЛС
Маневски во Хаг го посети Јохан Тарчуловски
На кумановскиот Зелен пазар почна користењето на новоизградените 24 бокса
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи