
|
 |
Вести / Македонија
Црвенковски помилувал и поранешен пратеник на СДСМ
Скопје, 8 август (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција објави дека претседателот Бранко Црвенковски во април годинава го помилувал и Милојко Ангеловски, поранешниот пратеник на СДСМ во Собранието на Република Македонија во периодот 1998-2002 година, кој беше осуден за финансиски криминал.
- Милојко Ангеловски, е човекот кој е осомничен, исто како Зоран Заев, но и осуден за финасиски малверзации поврзан со случајот „Бентомак“ од Крива Паланка. Тој бил некогашен претседател на Советот на општина Крива Паланка, финансов директор на економскиот сектор во рудникот „Тораница“, но и генерален директор на Рудници „Бентомак“ Крива Паланка, изјави на прес-конференција портпаролот на партијата Александар Бичиклиски.
Поранешниот пратеник на СДСМ е осуден за сторени три кривични дела и тоа „злоупотреба на овластување во стопанството”, „даночно затајување” и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
- Милојко Ангеловски се смета за еден од основните виновници за затворање на рудникот „Бентомак“ од Крива Паланка и останувањето на улица на околу 300 работници од овој крај. Ангеловски беше осуден, а господинот Бранко Црвенковски, со својата одлука, објавена во овој службен весник, број 48 од 11 Април 2008 го помилува овој осуденик и свој сопартиец од партијата СДСМ, кој иако осуден на 13 месеци ефективна казна затвор, не одлежа ниту еден ден затвор, благодарејќи на одлуката на господинот Црвенковски, изјави Бичиклиски.
Портпаролот на партијата рече дека Црвенковски „си направил практика на донесување на вакви одлуки, која сериозно влијае на борбата против криминалот и корупцијата во Македонија и која се однесуваат единствено на лицата блиски на СДСМ“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|