
|
 |
Вести / Македонија
Ноќ на УНЕСКО на Охридско лето
Скопје, 8 август (МИА) - Висока делегација на УНЕСКО која на покана на министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, од вчера престојува во тридневна посета на Македонија, вечер ќе присуствуваат на манифестацијата Ноќ на УНЕСКО која е дел од програмата на Охридско лето.
Делегацијата ја сочинуваат Ханс Дорвил, директор на Бирото за стратешко планирање на УНЕСКО и Енгелберт Роус, директор на Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа-БРЕСЦЕ со седиште во Венеција.
Како што се наведува во соопштението од Министерството за култура, престојот на високата делегација на УНЕСКО во Охрид е дополнителен показател за долгогодишната добра и успешна соработка на Министерството со оваа меѓународна агенција на ОН во откривањето на македонските културни вредности пред меѓународата јавност.
Во рамките на посетата, делегацијата ќе се сретне со министерката Канчева - Милевска, при што ќе се разговара за Охрид како град заштитен од УНЕСКО и за значењето што го имаат културните споменици кои се репрезенти на Република Македонија во светот. Тие ќе го проследат настапот на хрватскиот виолинист и Уметник на мирот на УНЕСКО Ино Мирковиќ заедно со македонската пијанистка Марија Вршковска, како и заедничкиот концерт на Уметникот на мирот на УНЕСКО од Македонија, маестро Борис Трајанов со албанската примадона Инва Мула кои ќе бидат придружувани од Македонската филхармонија под диригентската палка на Франческо Роза од Италија.
Високата делегација на УНЕСКО во Охрид, ќе посети и повеќе знаменитости и археолошки наоѓалишта.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|