
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Прилеп ја почнува кампањата за собирање и рециклирање пластична амбалажа
Прилеп, 27 август (МИА) - Прилеп ја почнува кампањата за собирање и рециклирање пластична амбалажа. Проектот под мотото „Собирај пет за подобар свет“ ќе го спроведуваат јавното претпријатие „Комуналец“ и локалната самоуправа.
УСАИД ќе ја поддржи кампањата со 20.000 долари, локалната самоуправа со 10.000, а 35.000 долари ќе вложи „Комуналец“.
- На повеќе локации во градот ќе бидат поставени 50 контејнери. На секоја локација по три за да се одвои отпадот. Во еден, пластичните шишиња, во друг хартијата, а во третиот ќе се собира мешаниот отпад. Тој ќе се носи за рециклирање во фабрики низ земјава, вели директорот на комуналното претпријатие, Златко Ристески.
Во наредните шест месеци ќе се спроведе едукација во основните и средните училишта.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески вели дека целта е да се подигне нивото на свеста кај граѓаните за складирање на отпадот но, и за можноста со рециклирање да се остварат приходи.
Преку јавно-приватно партнерство во иднина ќе се формира фирма за рециклирање на пластиката.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|