
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Груевски: Изградбата на северната трибина на Градскиот стадион според планираното
Скопје, 27 август (МИА) - Премиерот Никола Груевски е задоволен од текот на изградбата на северната трибина на Градскиот стадион во Скопје, која треба да биде завршена во средината на јули идната година. Тој, за време на денешната посета на Градскиот стадион, најави и тендер за изградба на источната и западната трибина, како и реконструкција на јужната, на терените и на осветлувањето.
- Можам да кажам дека работите одат добро. Нема доцнење, а квалитетот на изградбата се чини дека е одличен. Претходно проектот беше, исто така, одличен со работи прифатени од најмодерните стадиони. Согласно планираното изградбата на северната трибина треба да заврши до 15 јули наредната година, изјави премиерот додавајќи дека сите неопходни средства за успешна реализација на проектот се обезбедени.
Според најавите на премиерот тендерот за изградба на западна и источна трибина, како и за реконструкција на јужната и на теренот и осветлувањето треба да се објави на почетокот на наредната година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|