вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Уапсени двајца прилепчани осомничени за тешки кражби во Скопје

Скопје, 27 август (МИА) - Припадници на посебната единица „Алфа“ при Секторот за внатрешни работи во Скопје ги уапсија лицата К.Д.(23) и П.Љ.(23), двајцата од Прилеп, вчера  непосредно по извршување на тешка кражба во обид, во стан.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во работата со нив целосно се расветлени и документирани две кривични дела „тешки кражби“ во станови, како и споменатата „тешка кражба во обид“ во стан.

Тешките кражби, се појаснува во соопштението, се извршени на подрачјето на полициските станици „Карпош“ и „Ѓорче Петров“, во тековниот месец, а во фаза е и расчистување на други кривични дела од овој вид, извршени и на други подрачја од градот. Со двете извршени кривични дела, сторителите се стекнале со противправна имотна корист од 354 000 денари, а делата ги вршеле заедно со уште едно лице, чиј идентитет сеуште не е познат. Делата биле извршени преку ден, во временскиот период од 10 до 14 часот, со кршење на цилиндерот од бравата од влезната врата на становите, со алат - француски клуч кој по извршувањето го фрлале. Од становите краделе златен накит, пари и девизи и истите ги трошеле за свои потреби.

Од извршените разговори со двајцата е утврдено дека по предходен договор, со возила марка „Форд“ и „Ауди А-6„ доаѓале од Прилеп и по извршувањето на кривичните дела се враќале назад.

МВР подвлекува дека на 18.08.2008 година на ул. „Стефан Филиповиќ“ бр. 4 во населбата Хром, во времето од 12:30 до 14 часот извршиле тешка кражба во станот, сопственост на Т.Р., при што украле 2.150 евра, 40.000 денари и златен накит, со што се стекнале со противправна имотна корист од 220 000 денари. Наредниот ден во периодот од 10:30 до 11:20 часот, на ул. „Иво Рибар Лола“ бр. 147 во станот сопственост на О.С. украле разновиден златен накит, 500 американски долари, 300 евра, 3.000 денари и друго, со вкупна материјална штета од околу 134.000 денари.

На 26.08.2008, околу 11:30 часот, осомничените дошле на ул.„Московска“ бр. 9 и насилно влегле во станот сопственост на А.К., меѓутоа бидејќи биле забележани од сопственичката, се дале во бегство со такси возило кое случајно наишло. По пријавувањето од страна на сопственичката и брзото интервенирање на мобилната единица и полициската станица „Карпош“, пријавените се лишени од слобода и приведени.  

Третото непознато лице сеуште е во бегство. Двајцата во текот на денешниот ден, заедно со Кривична пријава за сторените дела, ќе бидат предадени на Основното јавно обвинителство - Скопје, а продолжува да се работи на споредување на нивните папиларни линии со отпечатоците земени од повеќе станови на подрачјето на Скопје каде што изминатиов период беа пријавени тешки кражби. Инаку, К.Д. е познат на службата како повеќекратен сторител на кривични дела од имотен карактер, за кои има и издржувано казна затвор.


Наjновo од Вести
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Екстремистичка група одговорна за напад во централата на Партијата за правда и развој во Истанбул
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
Кривични пријави за четири лица за сторени 18 кривични дела „измама“
Во Гостивар започна поднесувањето барања за кредит за самовработување
Универзитетската библиотека во Битола со повеќе манифестации ќе го одбележи Свети Климент Охридски
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи