
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Груевски: Во законот за енергетика се вградени сите забелешки од Брисел
Скопје, 27 август (МИА) - Одговорот од страна на Владата на обвинувањата на ЕВН Македонија дека донесените измени на Законот за енергетика не се добари и не се европски, за премиерот Никола Груевски не претавуваат почеток на отворени несогласувања, туку изразување несогласување со наведените обвиненија и нормална реакција.
- Владата никогаш не води војна со приватниот сектор, барем не оваа Влада. Меѓутоа, одговара на обвинувања и си ја врши својата работа. Ние си ја вршиме нашата работа. Таа работа е понекогаш во спротивност со желбата на монополите. Тие се монопол во Македонија, имаат желба да имаат поголеми профити на штета на граѓаните на државата, надвор од принципите на работење на Европската унија. Тие се незадоволни од решенијата. Ние одговоривме бидејќи ако го направевме тоа ќе испаднеше дека се согласуваме со нивната реакција, рече Груевски.
Тој додаде дека при изготвувањето на Закон за енергетика биле прифатени сите забелешки од Брисел.
Измените и доплнувањата на Законот за енергетика ЕВН Македонија вчера преку соопштение ги окфалификува како дискриминирачки, нетранспарентни и штетни за граѓаните на Република Македонија.
-Измените на Законот за енергетика се во насока на имплементирање на Европските директиви и правилата кои произлегуваат од договорот за Енергетската заедница. Законските измени ги подобруваат односите и работењето на трите пазарни учесници ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН и воведуваат постепена либерализација на енергетскиот пазар, согласно динамиката предвидена во Атинскиот меморандум. Притоа, најголем дел од измените се направени по барање на ЕВН и се однесуваат токму на подобрување на условите за работа на ЕВН, односно надминување на проблемите со наплата и кражбите на електричната енергија, како и намалување на вкупното ниво на загуби во дистрибутивната мрежа, демантираше вчера Владата со соопштение.
При донесувањето на измените на Законот за енергетика, се нагласуваше во демантот, се почитувале сите процедури на транспарентност, а ЕВН Македонија рамноправно и активно учествуваше во работната група координирана од ресорното Министерство за економија и нивните предлози во најголем дел се вградени во измените на Законот.
- Единствено, ЕВН Македонија не се согласуваше со фактот дека отсега натаму комерцијалните загуби ЕВН нема да ги добива по субсидирана цена, а на штета на МЕПСО и македонскиот буџет, се потенцираше во демантот од Владата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|