
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Концерт на камерниот гудачки квартет од Македонската филхармонија во Прилеп
Прилеп, 27 август (МИА) - Во рамките на манифестацијата "Летен културен бран" вечер во Прилеп на плоштадот Александрија концерт ќе одржи камерниот гудачки квартет од Македонската филхармонија.
Членовите на составот Владимир Костов, Владимир Крстев, Марко Виденовиќ и Паскал Краповски ќе исполнат музика од Моцарт, од филмот "Мирисот на жената" и познати аранжмани на македонска народна музика.
Манифестацијата „Летен културен бран“ во чии рамки е настапот на гудачкиот квартет е во организација на Министерството за култура.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|