вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Шести фестивал на пивото во Прилеп

Прилеп, 27 август (МИА) - Во центарот на Прилеп утревечер почнува Шестиот фестивал на пивото во организација на локалната самоуправа, Фондацијата за развој и агенцијата Преда - Пелагонија. 

За време на Фестивалот кој трае до недела, дегустација на пивото ќе понудат големите домашни пиварници - прилепска и скопска, а ќе го има лашкото пиво. По тој повод се издадени 20 локации на 2.350 метри квадратни.

- Очекуваме околу 50 илјади посетители и да се испијат близу 70 тони пиво како во најдобрите изданија на Фестивалот. В сабота попладне се поканети претставници на Владата и на дипломатскиот кор да го посетат Фестивалот, вели Катерина Крстеска, портпарол на локалната самоуправа.

На трите фестивалски ноќи се очекува во забавниот дел да учествуваат познати имиња од македонската музичка естрада. 

- Обезбедувањето ќе биде на ниво. Учесниците ќе се грижат за издавањето фискални сметки, но и за тоа да не точат пиво на малолетници, вели Борче Јанкулоски од Агенцијата Преда Пелагонија.

Во пресрет на отворањето на Фестивалот, хотелиерите нудат за 20 отсто пониски цени за сместување, превоз до штандовите и до културните споменици во Прилеп.


Наjновo од Вести
Во Шпанија најголема невработеност во последните 12 години
Во Гостивар започна поднесувањето барања за кредит за самовработување
Норвешки суд го осуди Мирсад Репак за злосторства врз српски цивили за време на војната во Босна
Универзитетската библиотека во Битола со повеќе манифестации ќе го одбележи Свети Климент Охридски
МВР билтен
Фратини: Односите со Русија се од стратешко значење за НАТО
Програма за одбележување на 60-годишнината од националниот парк „Пелистер“
Изложба на дела од ликовниот клуб во Кичево
РЕК Осломеј го реализира планот за 2008 година
„ВИЗА ?! НЕМА ШАНСА !!!“
Седница на собраниската Комисија за економски прашања
Македонија е спремна веднаш да почне со преговорите со ЕУ
Над 150 струмички текстилци отпуштени од работа
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи