вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Првични резултати за пријавени кандидати на државните универзитети во првиот уписен рок

Скопје, 27 август (МИА) - На четирите државни универзитети во Македонија  кои имаат  вкупно 19.354 слободни места, според  првичните и се уште неофицијални резултати  на Министерството за образование и наука, во првиот уписен рок се пријавиле 11.626 кандидати.  

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на кој беа распишани 8.950 слободни места,  аплицирале 6.554 кандидати, на „Св. Климент Охридски“ во Битола, на кој има 3.391 место,  пријавени се 2.365, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип  со  3.673 места конкурирале 1.459 и на Државниот универзитет во Тетово, кој располага со 3.340 места се пријавиле  1.248 кандидати. 

Најголем интерес на Скопскиот универзитет има за Економскиот факултет на кој за 660 места пријавени се 1.137 кандидати. Поголем интерес од предвидените места има и за  Архитектонскиот факултет - 90 распишани, 115 пријавени,  за Правниот со  595 слободни места и  732 кандидати, за Филозофскиот има 564 а  809 пријавени.

На медицинските науки, исто така, бројот на пријавени е поголем од слободните места - за Општа медицина има 305 места, а  535 пријавени, на Фармацевтскиот 70 места со 120 пријавени и на  Стоматолошкиот факултет 120 слободни места, а  190 пријавени. На Факултетот за драмски уметности има 12 слободни, а четири кандидати повеќе, а на Факултетот за ликовна уметност со 44 места има десет повеќе пријавени кандидати 

Помалку кандидати од предвидените места има на Градежниот (275 со 84 пријавени), Електро-информатички технологии (920 со пријавени 540), Факултет за животна средина (за 40 места се пријавиле тројца), Машински  факултет (570 место со пријавени 270), Технолошко-металуршки (455 места со 58 кандидати), Природно-математички факултет (1.474 места со 301 кандидат), Филолошки факултет (1.065 места и 818 пријавени), Педагошки (551 места со 318 кандидати),  Факултет за физичка култура (150 места, а 86 пријавени), Факултет за земјоделство и храна (565 слободни места и  179 кандидати), Шумарски факултет (260 места со 90 пријавени), Ветеринарен факултет (53 места и 24 пријавени) и Факултетот за музичка уметност кој располага со 112 места, а има  65 кандидати.

На Универзитетот „Св. Климент Охрдски“, поголем број кандидати од слободни места има за Полициската академија во Скопје. Таа располага со 280 места, а пријавени се 348 кандидати. На другите факултети на Битолскиот универзитет остануваат слободни места - на Теххничкиот има 870 места, а 358 пријавени, на Економскиот 430 места и 387 кандидати, на Факултетот за туризам и угостителство 520 места и 505 пријавени, на Педагошкиот 411 слободни места и 173 кандидати, на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи има 340 места и 273 пријавени, на Биотехничкиот факултет 260 места и 76 кандидати, на Високата медицинска школа  280 места и  245 пријавени. 

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип има слободни места на сите високообразовни институции - на Правниот факултет се пријавиле 188 кандидати, а има 410 места,  Економскиот факултет има  550 места и 345 пријавени, Педагошкиот факултет има 250 места и 111 пријавени, Земјоделскиот 300 места и 109 пријавени, Факултетот за музичка уметност 98 места и 46 кандидати, Факултетот за информатиа 550 места и 245 кандидати, Факултетот за рударство, геологија и политехника 460 места, а само 40 пријавени, Високата здравствена школа со 215 места и 108 кандидати. На Филолошкиот факултет на Штипскиот универзитет има 310 места и 149 пријавени, на Медицинскиот 90 места и 59 пријавени, на Факултетот за туризам 140 места и 48 кандидати, на Електротехничкиот  100 места и тројца пријавени и на Машинскиот 100 места и шест кандидати.

На Државниот универзитет во Тетово не се пријавил ниту еден кандидат на Факултетот за екологија и технологија, каде што има 80 слободни места. На Природно-математичкиот факултет на ДУТ има 365 места и 116 кандидати, на Филозофскиот факултет се пријавиле 146 кандидати, а има  510 места, Филолошкиот факултет има 530 места и 138 кандидати, на Факултетот за уметности слободни места има 125, а 44 кандидати, на Факултетот за физичка култура сто места и  46 пријавени, на Правниот факултет  500 места и 184 кандидати, на Економскиот 490 места и 194 кандидати, на  Факултетот за применети науки се пријавиле  65-мина, а има 220 места, на Факултетот за прехранбена технилогија и индустрија има 50 места и 21 кандидат и на Факултетот за медицински науки конкурирале 294, а има  370 слободни места.


Наjновo од Вести
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
ОН: Дваесет патници се удавиле откако шверцери ги натерале да излезат од бродот
Косовски Албанци протестираат против планот за распоредување на Еулекс
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
Светот го одбележува Меѓународниот ден на укинување на ропството
Кривични пријави за четири лица за сторени 18 кривични дела „измама“
Во Гостивар започна поднесувањето барања за кредит за самовработување
Универзитетската библиотека во Битола со повеќе манифестации ќе го одбележи Свети Климент Охридски
МВР билтен
Програма за одбележување на 60-годишнината од националниот парк „Пелистер“
Изложба на дела од ликовниот клуб во Кичево
РЕК Осломеј го реализира планот за 2008 година
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи