
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Изложба „Кумановски скулптори 2008“ во Прилеп
Куманово, 29 август (МИА) - Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер ќе биде отворена изложбата „Кумановски скулптори 2008“, на која со по три дела ќе се претстават шест академски скулптори од Куманово.
Посетителите ќе може да ги видат скулпторските дела на Азир Азири, Сашо Андевски, Синиша Кашавелски, Марина Цветановска-Мартиновска, Мирослав Величковски и Вања Зафировска. Некои од нив имаат постигнато значајни резултати и на меѓународната ликовна сцена и се во тек со најновите уметнички тенденции и размислувања за местото и улогата на скулпторот во 21 век.
Организатор на изложбата е Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, со поддршка на Министерството за култура. Во Прилеп изложбата ќе гостува две недели, а потоа ќе се пресели во други галериски центри.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|