
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Почеток на проектот за рециклирање пластика во Прилеп
Скопје, 29 август (МИА) - Проектот на УСАИД за рециклирање пластика денеска на плоштадот „Александрија“ во Прилеп ќе ја отвори општинската ПЕТ програма во градот, чија цел е да се подигне свеста за влијанието на пластичниот (ПЕТ) отпад врз околината.
Членовите на тимот од УСАИД и волонтери од Прилеп ќе делат информативни летоци и награди за граѓаните кои ќе донесат најмалку пет пластични шишиња. Настанот е организиран во соработка со општина Прилеп и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“. Проектот ќе го отворат Димитар Стевананџија, претседател на Советот на општина Прилеп и Марша К. Вонг, директор на Канцеларијата на УСАИД за економски развој.
Проектот за рециклирање пластика на УСАИД вреден 1.2 милиони долари е имплементиран од МДЦ-ТИ.НЕТ во партнерство со општините, како и јавните или приватни претпријатија. По успешното завршување на пилот-фазата во јуни годинава, проектот ги прошири активностите во 20 дополнителни општини.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|