
|
 |
Вести / Македонија
Сè уште непознати причините за авионската несреќа кај Лескоец
Скопје, 29 август (МИА) - Во текот на денов се очекуваат официјални информации за причините за авионската несреќа што се случи вчера напладне во близина на Охрид, во која загинаа четири лица.
При уривањето на авионот Цесна со ознаки Z-3 DCV на Пилотската академија Скопје Ер, загинаа пилотот и сопственик на Академијата Славчо Георгиев и уште тројца патници. Несреќата се случи во 12 часот и 50 минути кога цесната го надлетувала излетничкото место Скребатно во Охридско каде што се одржуваше голем црковно-народен собир за празникот Голема Богородица.
Од Пилотската академија Скопје Ер велат дека уште немаат подготвено извештај за несреќата, но најавуваат оти наскоро ќе излезат со податоци.
Според очевидци на несреќата, авионот летал ниско и удрил во паркирано патничко возило „застава 750“, во кое се наоѓало 11-годишно девојче кое поминало без повреди.
Очевидците велат дека немало експлозија и изјавуваат дека се избегнати поголеми размери на несреќата бидејќи на дваесетина метри од падот имало стотици верници кои во црквата дошле да го прослават празникот.
На местото на несреќата увид извршија екипи на СВР Охрид, истражен судија и јавен обвинител, како и тим на Управата за цивилна воздушна пловидба.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|