
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Дождот изгасна најголем дел од пожарите
Скопје, 29 август (МИА) - Пожарот во атарот на селото Белица кон село Тажево се уште е активен. Во текот на вчерашниот ден дојде до делумно активирање на некои делови од пожарите во селата Русјаци, Слатина и Грешница кои со интервенција на вработените од шумското стопанство од Македонски Брод се локализирани, соопшти Центарот за управување со кризи.
Се очекува повеќето од пожарите во регионот на Макеоднски Брод да се самоизгаснат по врнежите од дожд во текот на изминатата ноќ.
Пожарот на Кајмакчалан вчера беше активен во внатрешноста на направените засеци, но нема опасност од негово проширување.
Целосно под контрола е ставен пожарот на планината Беласица на потегот Кукла - река Јаворник. Зафатената површина и материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат.
Локализиран е и пожарот меѓу селото Николиќ и местото Асанли (општина Дојран) со кој беа зафатени околу 15 хектари нискостеблеста шума. Причината за неговото избувнување е човечкиот фактор.
Кај селата Крапа и Локвица во вчера во попладневните часови дел од пожарот се префрлил кон селото Зрзе, општина Долнени, Прилепско, но дождот кој заврна во текот на ноќта целосно го изгасна.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|