вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Македонија и Украина ќе ја интензивираат културната соработка

Скопје, 29 август (МИА) - Македонија и Украина ќе ја интензивираат постојната добра соработка во областа на културата, договорено е на официјалната средба вчера во Киев, Украина, меѓу министерот за култура, Елизабета Канческа Милевска и нејзиниот украински колега-министерот за култура и туризам Васил Вовкун.

Како што соопшти денеска македонското Министерство за култура, двајцата министри договирле на крајот од оваа година или на почетокот на 2009, во Украина да се одржат Денови на македонска култура, а во втората половина од идната година и Украина да ја претстави својата култура во Македонија.

На средбата министерот Милевска ги претстави капиталните проекти кои ги работи Министерството за култура, притоа истакнувајќи дека Македонија преку инвестирањето во културата за која издвојува значаен процент од државниот буџет, се вклучува во европскиот културен простор. Украинскиот министер Вовкун пак, ја изрази својата заинтересираност за соработка во областа на дигитализацијата на културно-историското наследство.

На средбата присуствуваше и македонскиот амбасадор во Украина, Илија Исајловски со чија помош македонското Министерство за култура стапи во контакт со Музејот на восочни фигури во Киев, а Милевска, меѓу другото се сретна и со Анатолиј Гајдамака, уметник чие студио ќе биде вклучено во изработката на фигурите во музејскиот комплекс „Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунизмот“.

Македонија и Украина имаат континуирана соработка на полето на културата, со заеднички заложби и интерес тие да се интензивираат. По потпишувањето на Спогодбата за соработка во областа на образованието, науката и културата се отворија нови можности за динамизирање на активностите во оваа област. Во 2007 година украинскиот балет го отвори реномираниот фестивал Охридско лето со балетот Спартак. Во тек е проект за подигање споменик во Скопје на познатиот украински поет, Тарас Шевченко, во соработка со Министерството за култура на Република Македонија.


Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи