Битола го објави конкурсот за општински награди
Битола, 29 август (МИА) - Управниот одбор за доделување на највисоките општински признанија во Битола, го објави годинашниот конкурс за заинтересираните кандидати и институции.
Наградата „4-ти Ноември“ на општина Битола се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштита и унапредување на животната средина, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото.
Оваа награда се доделува во две категории, односно годишна-за остварувања во периодот од први август минатата до 31 јули оваа година, како и посебна награда за животно дело, што претставува заокружена, творечка целина.
Конкурсот за највисоките признанија на Општина Битола ќе трае до 30 септември, а наградите ќе бидат врачени за време на празникот на градот, Денот на ослободувањето на Битола, „4-ти Ноември“.
|