петок, 29.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Еленовски избран за претседател на Евроатлантскиот совет на РМ

Скопје, 29 август (МИА) - Поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски, едногласно е избран за претседател на Евро-атлантскиот совет на Македонија на годишното собрание одржано на 27 август.

Еленовски и претходно го водеше Евро-атлантскиот совет, прво во периодот 2001 – 2005 како негов генерален секретар,  а потоа во 2005 – 2006 година и како претседател.

Покрај новоизбраниот претседател беа направени и измени во составот на членовите на претседателството на Евро-атлантскиот совет. За нови членови беа избрани Вилма Трајковска, претседател на Фондацијата „Борис Трајковски“, Сулејман Рушити, пратеник во Собранието на РМ од редовите на ДПА и поранешен министер за образование и наука, Билјана Радева од Министерство за одбрана и Лирие Елези од Министерство за локална самоуправа.

Собранието на Евро-атлантскиот совет донесе одлука да објави Декларација за евро-атлантските интегративни процеси на Македонија и важноста на НАТО и ЕУ членството на земјата како приоритет за нејзината иднина и предуслов за градење стабилни демократски вредности. Тоа ќе претставува платформа за активностите во наредниот период, соопштува македонскиот Евро-атлантски совет.


Наjновo од Вести
Јапонија ќе ги укине санкциите врз Северна Кореја
Тројцата Бугари осомничени за шпионажа во Грција платија кауција од по 3.000 евра
Русија ги обвини земјите од Г-7 дека ги оправдуваат агресивните дејствија на Грузија бидејќи ја осудуваат одлуката на Москва да ги признае Абхазија и Јужна Осетија
Концерт на класична музика вечерва на поштадот „Македонија“ како дел од проектот „Топол културен бран“
Писатлеката Славенка Дракулиќ ја предупредува ЕУ на „скриеното лице“ на Хрватска
Од Бајконур успешно лансиран ракетниот носач „Дњепар“
Заврши дводневниот црковно-народен собир во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“
Еленовски избран за претседател на Евроатлантскиот совет на РМ
Републичко првенство за младинци-ки во атлетика
Сè уште непознати причините за авионската несреќа кај Лескоец
Дождот изгасна најголем дел од пожарите
Македонија и Украина ќе ја интензивираат културната соработка
Битола го објави конкурсот за општински награди
Припадничка на МВР се повредила при чистење на службениот пиштол
Индустриското производство зголемено за 14,7 отсто
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи