
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Волци заклаа 20 овци во Кумановско
Куманово, 29 август (МИА) - Глутница волци ноќеска заклаа 20 овци од стадото на 75-годишниот сточар Ѓорѓи Митевски од кумановското село Скачковце.
Изутрината околу 6 часот, кога влегол во трлото да ги нахрани овците, сопственикот бил затечен од маскарот што го направиле волците. Само две од 50-те овци не се повредени. Увид извршија екипи од СВР Куманово, а сопственикот најави дека ќе бара отштета од државата по 100 евра од грло.
- Цело лето ги пасам овците и не сум забележал волци во атарот на селото. Бев избезумен кога го видов стадото. Направена е штета од над 2000 евра, вели сопственикот.
Убиените овци ќе бидат уништени во јама на периферијата од селото.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|