
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Сочувство до семејството на пилотот Георгиев од Автомобилистичката федерација на Македонија
Скопје, 29 август (МИА) - Автомобилистичка федерација на Македонија денеска изрази сочуство до семејството на пилотот Славчо Георгиев, кој загина вчера во авионска несреќа кај месноста Скребатно близу село Лескоец, Охридско, кога се урна авионот „Цесна 172 Н“, со кој пилотираше.
Георгиев е поранешен активен натпреварувач, а од годинава и член на Комисијата за рели при Автомобилистичката федерација на Македонија. Настапувал во шампионатот на Македонија во автомобилизам на ридски и кружни патеки од 1993 до 1997 година, во кој период успеал да постигне забележителни резултати. На два пати ја освоил шампионската титула (1993 и 1994 година на ридски патеки), а два пати (1997 година на ридски и кружни патеки) стигна до вицешампионската титула. Покрај настапите на домашните патеки, Георгиев учествувал на натпревари и во соседните земји. Во 2005 година, по повод 100 годишнината од автомобилизмот во Македонија, Георгиев добил награда за спортист со забележителни меѓународни резултати.
Смртта го затекна на местото член на Комисијата за рели при Автомобилистичката федерација на Македонија. Посмртните останки на Славчо Георгиев ќе бидат изложени утре, од 11 до 12 часот, а погребот ќе се изврши во 12 часот на гробиштата Бутел во Скопје, соопшти Автомобилистичката федерација на Македонија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|