
|
 |
Вести / Македонија
Маневски во Хаг го посети Јохан Тарчуловски
Скопје, 29 август (МИА) - Министерот за правда Михајло Маневски и генералниот секретар на Владата Стојан Тодоров денеска го посетија Јохан Тарчуловски во притворското одделение во затворот Шевенинген.
Целта на средбата, како што соопшти Министерството за правда, е уште еднаш да се реафирмира целосната поддршка на Владата, Министерството за правда и сите нејзини институции на одбраната на Јохан Тарчуловски пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија.
- Владата на Република Македонија, почитувајќи ја волјата и законското право на Јохан Тарчуловски да избере бранител, ги презеде неопходните мерки за ангажирање на врвни експерти од областа на меѓународното право со цел да се искористат сите правни средства за донесување на одлука во корист на Јохан Тарчуловски во жалбената постапка пред Хашкиот трибунал, се вели во соопштението од Министерството за правда.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|