вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

На кумановскиот Зелен пазар почна користењето на новоизградените 24 бокса

Куманово, 29 август (МИА) - На Зелениот пазар во Куманово денеска започнаа со работа закупците на новоизградените 24 бокса.

Боксовите се изградени на локацијата на старата управна зграда која со години наназад беше руинирана, а отворен е и уште еден влез со што е олеснето движењето на пазарот. Средствата за  изградба на боксовите, заедно ги обезбедија закупците со надлежните од Јавното претпријатие „Пазаришта“, поради што тие се одлободени од закупнината на годишно ниво.

- Вкупно со останатите тезги на двата зелени пазари, бројката изнесува 560, што кумановскиот пазар го прави еден од најголемите во држвата. Но, од нив само 80 отсто се закупени, изјави директорот на Ј.П „Пазаришта“,Трајче Трајковски.

Тој додаде дека оваа година нема да се зголеми цената на закупнината, па закупците и натаму ќе плаќаат по 50 евра месечно. Надлежните од „Пазаришта“ најавуваат промена на вториот дел од покриениот просторот, за што ќе чекаат одобрение од Советот на општина Куманово, под чија надлежност е претпријатието.


Наjновo од Вести
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Екстремистичка група одговорна за напад во централата на Партијата за правда и развој во Истанбул
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
Кривични пријави за четири лица за сторени 18 кривични дела „измама“
Во Гостивар започна поднесувањето барања за кредит за самовработување
Универзитетската библиотека во Битола со повеќе манифестации ќе го одбележи Свети Климент Охридски
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи