
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Бугарскатa бизнис групација „Чимимпорт“ сака да ја купи Поштенска банка
Софија, 29 август (МИА) - Најголемата бугарска бизнис-групација „Чимимпорт“ АД ќе ја купи македонската Поштенска банка, објави американскиот медиумски концерн „Блумберг“.
Според изјавата на извршниот директор на „Чимимпорт“ Иво Каменов, бугарската бизнис-групација планира преку Централната кооперативна банка да купи 67 проценти од акциите во Поштенска банка.
- Преземањето на Поштенска банка беше одложено поради изборите во Македонија. Се надеваме дека ќе се договориме со македонската Влада, која поседува 33 проценти од капиталот на банката, изјави Каменов.
Централната кооперативна банка во Македонија веќе ја поседува Силекс банка.
Групацијата „Чимимпорт“ е сопственик на Националната авиокомпанија „Булгарија ер“ и поседува повеќе бизниси во Бугарија во регионот - од банкарство до транспорт и експлоатација на нафта.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|