
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Два дена притвор за Ѓулер Сулејмани осомничена за тешка кражба
Тетово, 29 август (МИА) - Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против Ѓулер Сулејмани (44) поради основано сомнение дека извршила тешка кражба, а тетовскиот Суд денеска и одреди притвор во траење од два дена.
Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски изјави дека Сулејмани се сомничи оти во периодот од 2002 до 2008 година, во повеќе наврати со употреба на сила, извршила тешки кражби во објектите на Акционерското друштво во ликвидација „Македонија-табак 2000’’ и противправно одзела поголем број метални и други предмети, кои потоа ги продала во отпадите за старо железо во Тетово.
Полиција при завчерашната акција, покрај Сулејмани ги привела и Исак О. (40) од гостиварското село Сенокосе, Бесник И. (25) од Групчин и Мемет А. (39). Првите двајца се осомничени дека и помагале на Сулејмани при вршењето на кривичното дело, а истражниот судија и ним, исто така, им изрече мерка притвор во траење од два дена.
При претресот на „Македонија-табак 2000’’ полицијата кај Мемет, кој е вработен во агенција за осигурување, пронашла пиштол „ЦЗ’’, калибар 9 милиметри што го поседувал без дозвола.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|