петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Локализиран пожарот кај селата Удово и Градец

Скопје, 5 септември (МИА) - Пожарот што вчера попладне го зафати регионот помеѓу селата Удово и Градец, на десната страна од автопатот Гевгелија-Скопје, од синоќа е ставен под контрола.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи, гореле околу два хектара нискостеблеста деградирана шума, а во гаснењето на пожарот, кој брзо се ширел поради ветерот, учествувале екипи на територијалните противпожарни единици од Валандово и Струмица, ЈП „Македонски шуми“ од Валандово, а во вечерните часови и два хеликоптера на АРМ.

Во раните утрински часови на теренот се упатени мобилизирани екипи од Дирекцијата за заштита и спасување од Радовиш, Струмица и Валандово и од ЈП „Македонски шуми“.

Вчера попладне забележан е чад и над  гостиварското село Равен. Екипа од ЈП „Македонски шуми“ заминала на теренот, но се повлекла поради непристапност. Во утринските часови се испратени нови екипи за гаснење на огнот.

Шумски пожар вчера е забележан и на потегот помеѓу селата Турје, Охридско и Јудово и Малкоец, Кичевско, во близина на превојот Пресека. Горела сува трева и ниски растенија. Во гаснењето на пожарот учествувале лица од шумските стопанства „Галичица“ од Охрид и „Лопушник“ од Кичево. Пожарот во вечерните часови е ставен под контрола, но поради тешко пристапниот терен не е целосно изгаснат.



Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Претседателот Иванов ќе се сретне со министрите Ставрески, Наумовски, Милошоски и Маневски
Промоција на книгата „Модерен светец“ од авторот Фросина Наумовска
Министерот Ивановски во посета на ОУ„Лазо Трповски“ во општина Карпош
Три лица се убиени кај ТЦ „Три Бисери“ во Скопје
На трите факултети во Велес има слободни места за упис во вториот рок
Охридскиот „Црвен крст“ ќе спроведува едукативна програма за развивање способностите кај младите
Црвенковски во Подгорица се сретна со Ѓукановиќ и Вујановиќ
Презентиран локалниот акциски план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Охрид
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи