петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

ЕЛЕМ бара зголемување на цената

Скопје, 5 септември (МИА) - Електрани на Македонија одлучи да поднесе барање до Регулаторната комисија за енергетика за промена на цената на произведената електрична енергија.

Од компанијата соопштуваат дека барањето за корекција следи по извршената анализа на работењето во претпријатието која покажала дека има потешкотии за непречено извршување на производниот процес, недостиг на средства за спроведување на нужните ремонтни зафати на термоелектраните, отежната набавка на материјали и резервни делови и немоќ за реализација на инвестициски циклус и вложување во нови производни капацитети, а со тоа постепена деградација на производните капацитети и намалување на сигурноста во снабдувањето со електрична енергија од сопствените производни капацитети.

Проценките на компанијата се дека домашното производство на електрична енергија во наредниот петгодишен период, доколку АД ЕЛЕМ продолжи да работи со сегашната цена, би можело да биде значително отежнато.

- Применувајќи ја постојната методологија од Правилникот за начин и услови за регулирање на цена, а согласно извршените пресметки, АД ЕЛЕМ смета дека е потребна корекција на производната цена која би изнесувала 1,8 ден/киловатчас, што како приход би бил доволен за извршување на регулираната дејност-производство на електрична енергија, се наведува во соопштението од АД „ЕЛЕМ“.

Од ЕЛЕМ потенцираат дека со евентуална корекција на цената за услугата што ја нуди како јавен сервис, ќе биде во можност да продолжи со веќе започнатите, но и да иницира нови проекти кои ќе придонесат за модернизација и зајакнување на енергетскиот систем на Република Македонија, како и за квалитетно, стабилно и најекономично производство на електрична енергија.

АД Електрани на Македонија првпат по издвојувањето од АД ЕСМ поднесува барање за корекција на цената.



Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Претседателот Иванов ќе се сретне со министрите Ставрески, Наумовски, Милошоски и Маневски
Промоција на книгата „Модерен светец“ од авторот Фросина Наумовска
Министерот Ивановски во посета на ОУ„Лазо Трповски“ во општина Карпош
Три лица се убиени кај ТЦ „Три Бисери“ во Скопје
На трите факултети во Велес има слободни места за упис во вториот рок
Охридскиот „Црвен крст“ ќе спроведува едукативна програма за развивање способностите кај младите
Црвенковски во Подгорица се сретна со Ѓукановиќ и Вујановиќ
Презентиран локалниот акциски план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Охрид
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи