вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

СКМ го поддржува барањето на пиварите пивото да не се третира какo алкохол

Скопје, 5 септември (МИА) - Стопанската комора на Македонија (СКМ) го поддржува барањето на пиварите да се изземе пивото од забраната за продажба на алкохол од 19 до 6 часот изутрина, што почна да се применува од 1 септември.

- Пивото не треба да се третира како алкохол, бидејќи како производ тоа не е ставено ни во Правилникот со кој се забранува продажба после 19 часот, а исто така е различно третирано и во делот за квалитет. Ние имаме Правилник за квалитет на алкохолни пијалоци каде што се опфатени алкохолните пијалоци и виното и имаме Правилник за квалитет на пиво. Со самото тоа пивото е изземено од алкохолните пијалоци што значи дека одредбите за забрана за продажба на алкохол по 19 часот не се однесуваат за него, изјави Стојмирка Тасевска од СКМ. 

Комората како асоцијација, како што посочи таа,  веќе реагираше во смисла пивото на теренот да се изземе од третирањето на алкохол.

- Во правните акти што обврзуваат за забрана на продажба на алкохолни пијалоци после 19 часот нигде не е кажано дека тоа се однесува на пивото. Побаравме да се расчисти дилемата дали пивото треба да биде во Правилникот со кој се забранува продажба на алкохол по 19 часот, рече Тасевска и укажа дека пивото не треба да се третира како алкохол.


Наjновo од Вести
Продолжение на амандманската расправа по Предлог - буџетот за 2009
Агенцијата Муудис предупредува дека турската економија без спогодба со ММФ ќе западне во рецесија
Шутановац: Српската војска нема да се врати на Косово
Атина и Скопје да го прифатат името „Северна Македонија“
Петмина Палестинци повредени во судири со израелски доселеници
Војници на НАТО извршија претрес во домот на Радован Караџиќ
Извештај на Бан Ки-мун за Кипар
Училиштата во Делчево од утре почнуваат со настава
По повод Денот на лицата со хендикеп во Крива Паланка другарување со штетеници
Денови на македонското творештво во Србија
Јавна расправа за Нацрт амандманот 31 на Уставот на Република Македонија
Ден на идеи во Општина Делчево
Во Велес промовирана книгата „Условниот период во дијалектите на македонскиот јазик“ од Убавка Гајдова
Општина Гевгелија донесе програма за тригодишен локален развој од 800 милиони денари
Во Штип исплатени субвенциите за земјоделството
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи