вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Промовирана еколошката телефонска линија за пријавување штети во животната средина

Скопје, 5 септември (МИА) - Друштвото на екологистите на Македонија (ДЕМ) во партнерство со Космофон денеска ја промовираа новата „Зелена линија“ која ќе им овозможи на граѓаните да ги пријавуваат сите појави штетни за животната средина и населението.

Телефонската линија ќе функционира како бесплатен сервис на граѓаните, а еколошките штети ќе може да ги пријавуваат сите корисници на фиксната и мобилнаta телефонија на Космофон во пет региони низ Република Македонија на броевите со префикс 075 142 521 за Скопје, 142 522 за Валандово, 142 523 за Македонска Каменица, 142 524 за Македонски Брод и 142 525 за Охрид.

Активистите кои ќе ги примаат повиците од граѓаните ќе бидат сместени во организациите на еколошките друштва „Калинка“ од Валандово, „Здравец“ од Македонска Каменица, „Треска“ од Македонски Брод и „Грашница“ од Охрид.  

- Целта на оваа линија е подигнување на свеста и вклучување на граѓаните за подобра заштита на животната средина и навремена реакција и решавање на настанатите проблеми. „Зелениот телефон“ е наменет за сите граѓани преку кој ќе добиваат и совети како да се грижат за околината. Се надеваме на голема масивност и пријавување на прекршителите, рече на денешната прес - конференција Руска Мицева, потпретседател на ДЕМ.

Директорката на Одделот за односи со јавност во Космофон Емилија Трајковиќ - Христова рече дека очекува придонесот од компанијата да биде поттик за развивање на еколошката свест во човековата околина.

- Ова е една од повеќето наши активности и се надевам дека во иднина ќе има уште и сите ќе го дадеме својот придонес за да ја заштитиме животната средина, додаде Трајковиќ - Христова.

Проектот е поддржан и од Американската амбасада, Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.


Наjновo од Вести
Иран подготвува план за формирање на гасен ОПЕК
Палестинците бараат меѓународна интервенција
Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО ДПМНЕ
„Шпигел“: БНД со години дејствува во Косово
Фаусто Покар се надева дека Србија набрзо ќе го уапси Младиќ
Рим и Тирана потпишаа енергетски договори во вредност од 2,5 милијарди евра (ДПЛ)
Во Дебар поделеност околу продолжување или не на штрајкот на просветните работници
Пратеничката група на СДСМ бара измени на новиот Деловник за работа на Собранието
ДПМ распиша конкурс за најдобри остварувања во поезијата, прозата, критиката и литературата за деца
ССМ со забелешки на предложените измени на Законот за работни односи
Извештајот на Европската комисија пред собраниската Комисија за култура
ВМРО - ДПМНЕ: На локалните избори ќе понудиме прецизни програми со конкретни проекти
Јавна расправа за Нацрт-амандманот 31 од Уставот во делот за избор на претседател на државата
Утврдена предлог - одлуката за именување претседател, потпретседател и членови на ДИК
РЕК Осломеј го реализира планот за 2008 година
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи