вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Третоодделенците во Куманово можат да учат ромски јазик како изборен предмет

Куманово, 5 септември (МИА) - Од оваа учебна година  третоодделенците од ромската етничка заедница во Куманово може да изберат ромски јазик и да го изучуваат до крајот на деветолетката. Покрај ромскиот јазик и литература, во рамките на предеметот учениците може да се запознаат и со ромската култура, традиција и историја.

- Имаме четири професори кои се подготвени да предаваат ромски јазик. - Ние од невладиниот скетор, преку средби со родители и ученици, пропагираме бројот на заинтересирани ученици да биде што е можно поголем, изјави Ахмет Јашараовски, претседетал на ДРОМ.

Учениците Роми во Куманово се запишани во пет основни училишта. Засега одѕвиот не е голем, но од невладиниот сектор очекуваат заинтересираноста да се зголеми. Краен рок за пријавување за овој изборен предмет е 9 септември.

Можност за изборен предмет на својот мајчин јазик имаат и ученицие од влашката и од бошњачката етничка заедница.

Во училиштето за основно музичко образование „Панче Пешев“ во Куманово во тек се уписите за учебната 2008/2009 година. Досега се запишале 200 ученици, а се примаат 290.

- Учениците може да избираат пијано, хармоника, виолина, гитара, кларинет и соло-пеење, кое како насока функционира од минатата година и веќе има 15 запишани ученици, информираше  Светлана Трајковска, директорка на училиштето. Најголем интерес учениците покажале за насоката пијано.

Според надлежните, училиштето располага со доволен број инструменти и училиници за да ги задоволи стандардите за музичко образование. Учебната година ќе почне на 10 септемрви, а новина е што годинава и музичкото основно образование трае девет години. Минималната возарст на која учениците може да се запишуваат е шест години.


Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи